
Biljana Chelik
Љубов, именувана со илјада лица.
Љубов без лице а има илјада лица.
Не ми треба ни тело ни душа,
Јас припаѓам на душата на љубениот.
После многу премолчени тајни,
Ноќи исполнети со болка,
Меѓу духовното и телесното,
Душата, Ти, нашиот премин еден во друг.
Согледувам два света во едно.
Избегај од телото, избегај од духот.
Влези во мене, запали ја искрата,
Заиграј во градиве.
Тука каде никој не те гледа,
Само јас те наѕирам,
Не рони солзи,
Не ме оплакувај, не ме жали.
Излекувај ја тагата.
Да се опиеме од пехарот на љубовта.
Ти си првиот и последниот.
Јас жедна за тебе, копнеам по тебе.
Биди мој сон,
Подари ми изгрејсонце, подари ми светлина.
Biljana Chelik
*Сите права се задржани