“ЕДЕН ЗБОР”-Biljana Chelik


Biljana Chelik

Еден збор,
Безброј сни.
Подадена рака,
Бескрајна надеж.

Еден збор,
Бескрајна болкa…
Голема како планина.

Еден збор,
Изгубена надеж.
Во душава дуваат,
Пустински ветришта.

Еден збор,
Срушен сништа.
Длабок бунар од темнина.

Еден збор,
Безброј солзи…
Океан полн со бури.

Сакав…
Да бидам зрак на среќа во тебе,
Сакав…
Да бидам зрак на живот во тебе.

Сакав…
Да сум длабоко во тебе,
Сакав…
Да дишиш за мене.
Сакав…
Да живееш за мене.

Ако,
Јас не сум твојата радост,
Ако,
Јас не сум твојот живот,
Сакам,
Да сум Сонце наутро,
Да го гледам твоето будење.
Сакам,
Да сум воздух преку ден,
Да те чувам од секое зло.
Сакам,
Да сум ѕвезда на небото,
Да те гледам секоја ноќ.

B.Chelik
*Сите права се задржани