СОНЧЕВИНА-Biljana Chelik


СОНЧЕВИНА

Сончева светлина во душава,

Сончева топлина во срцево,

Сончева љубов во дамариве,

Сончев сјај во очиве.

Сончевина над мене,

Сончевина во мене,

Сончевина до мене,

Сончевина околу мене.

Сончевина,

Топла е…

Светла е…

Љубовна е…

Сончевина,

Силна е…

Чиста е…

Чесна е.

Ширум порти отворила,

Од четири страни

Зраци греат, светат, љубат

Сонце во Сончевина чуваат,

Вечна топлина милуваат,

Северот ладен го битисуваат.

Сончевина…

Божествена,

Бесмртна,

Вистина без крај…

B.Chelik

*Сите права се задржани