ЦРНИЛА-Biljana Chelik


Biljana Chelik

Темнина…

Бунар без дно

Жив песок, влече в неповрат.

Има ли крај трпението?

Има ли враќање од небиднината?

Има ли: доста е?!

Лага по лага…

Синџир од болка и лелек.

Ден по ден…

Гердан од солзи.

Огнени јазици од сите страни

Душа горат…

Змии отровници

Срце убиваат.

Таму, далеку, зрак светлина…

Патот до него послан со сабји и жар.

Нозе уморни, крвави

Тело од неправди прободено.

Ќе има ли малку пролет во животот,

И трошка белина во црнилото?!

B.Chelik

*Сите права се задржани