ЉУБОВНА ПРИКАЗНА-Biljana Chelik 


Biljana Chelik 

Те видов…

Љубовна приказна…

Духовен или телесен си?

Треперам по тебе.

Бегам од самата себе, бегам од стравот да не те изгубам.

Немам сон, немам трпение

Кошулата на мудроста ми ја снема…

Дојди…

Живеј во мене, диши со мене.

Во тишината го слушам твојот глас

Во темнината ти си ми светлина.

Колку капки во океанот,

Колку звезди на небото,

Колку песок во пустината,

Толку и повеќе ми требаш

Толку и повеќе те сакам.

Дојди…

Ти и Јас заедно до крајот на светот.

B.Chelik

*Сите права се задржани