НЕ РАЗДАВАЈ-Biljana Chelik


Biljana Chelik

Не го раздавај своето,

не се раздавај себеси!

Не ги раздавај своите

не раздавајте за душа.

Не раздавајте да јадат тие без душа!

Азбуката е за пишување,

Јазикот за говорење.

Историјата е на предците, биди добар домаќин

Слушни ги ѕвоната од Црквата

За тебе бијат, за твое будење.

Види ги знаците од Бог

Тебе ти ги праќа за спасение од самоуништување.

Божји чеда од Божја земја,

пренесете ја тајната на постоењето

тајната на создавањето и опстојот

тајната на почетокот и крајот.

Се има почеток и крај.

И крајот е почеток.

Почетокот е крај.

B.Chelik

*Сите права се задржани